9 милиони денари за нови улици во Кочани

0
61

9 милиони денари ќе инвестира општина Кочани во изградба и асфалтирање на улици. Наскоро се очекува да започнат градежните активности за асфалтирање на улицата „Кресненско востание“ во населбата Усова Чешма.

Според стручните служби од Општина Кочани, тендерската постапка е на самиот крај. За изведувач е избрана градежната компанија „Бони интерградба“ од Штип, а по  спроведената електронска аукција, за асфалтирање на оваа улица ќе бидат наменети 1.9 милиони денари.

„Тоа се над 1 милион денари помалку од проценетата вредност што ќе овозможи да се прошири листата на улици за асфалтирање до крајот на оваа календарска година, “ информираат од  Општината.

Улицата „Кресненско востание“ е долга 230 м, широка 6 м. Во изведбата се планирани машински ископи на земјена маса, дренажа, атмосферска канализација, бетонски рабници и седум сантиметри асфалтен слој.

Во истовреме, во тек се градежните работи за асфалтирање на трите крака од улицата „Вера Которка“, како и на улицата „Ѓорѓи Пулевски“ каде е предвидена изградба на неколку потпорни ѕидови, поставување примарна канализација и приклучоци кон водоводната мрежа.

За асфалтирање се подготвува  и патот Крушка – Полаки во должина од 790 м,  чија реализација е со средства обезбедени од Бирото за регионален развој и Општина Кочани.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here