90.000 американски долари доделува УСАИД на граѓанските организации и младите

0
74

90.000 американски долари доделува УСАИД на граѓанските организации и младите. Се работи за повик за проекти кои се поврзани со најважните прашања коишто ги засегаат заедниците :

„Ќе подржуваме организации коишто имаат идеи за тоа како да се подржат одржливите заедници и градови. Исто така, ќе подржуваме организации кои ќе работат на отпорност на заедниците согласно со стратегијата за спречување на насилниот екстремизам“, кажа Едвард Гонзалес, дир. на Канцеларија за општ развој во Македонија.

Овој повик е во склоп на 5-годишна иницијатива на УСАИД за развој на општеството, преку која се доделени 9,5 милиони долари за грантови и техничка помош.

Дел од парите, завршиле за проекти кои ги реализирале штипски невладини организации :

„Се надевам дека организациите од Штип, но и од околината навистина ќе аплицираат и за овој повик“, додаде Гонзалес.

Најголемиот грант кој се доделува е во износ од 120.000 долари и истиот е наменет за мрежа на граѓански организации. Меѓу нив се Платформата за спречување на корупцијата, како и развој на вештини за вработување на младите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here