1,5 милиони евра од Фондот за иновации влегоа во 7 кочански фирми

547

1,5 милиони евра од Фондот за иновации влегоа во 7 кочански фирми. Средствата главно се искористени за набавка на нова опрема и технологија.

Инвестираните средства за стопанството од Кочани се далеку од доволни, но сепак се значајни за да овозможат нов импулс за економскиот развој.

Кочанските фирми се дел од вкупно 350 компании кои годинава од Фондот за иновации подалија околу 65 милиони евра:

„Во овој сегмент ќе посочам дека од првите истаржувања и анализи за ефектите  покажува дека бројот на компании кои реализираат во инвестиции во технолошки развој расте во просок со 50% во приходи и 60% на добивка“ изјави Јован Деспотовски, прет. на Фондот за иновации

Поддршката за иновации е воведена пред две години и таа се уште не им е доволно позната на голем број компании. Потврда за ова, во Фондот наоѓаат во податокот што најголем дел од компаниите кои конкурирале и добиле пари се од Скопје. Бројот на оние кои се надвор од главниот град е значително помал.

Токму и поради ова, од Фондот, најавувата поголема кампања за што поголем број компании, особено од руралните средини да имаат пристап до средствата за иновации и технолошки развој.