FBI во Словенија истражува перење сомнителни пари од Иран – Во трансакциите вмешана и српската влада !

643

Агенти на американското Федерално истражно биро (ФБИ) во Словенија истражуваат евентуално перење ирански пари, во кое наводно е вмешана и српската влада, објави словенечката телевизија НОВА 24.

Телевизијата посочи дека целата операција на перење на парите се одвивала преку Нова Љубљанска Банка (НЛБ) и траело од 2009 до 2011 година. Во малверзациите била вклучена и српската влада.

Во саботата на љубљанскиот аеродром Брник слета американски таен авион. Според дел од словенечките медиуми со летот пристигнале 20 истражители на ФБИ.