Gradche Trail Run годинава на 21-ви октомври

0
200

Второто издание на Gradche Trail Run годинава ќе се одржи на 21-ви Октомври.

Патеката овој пат е продолжена и ќе изнесува околу 15 км.

Трката се одвива низ живописните предели околу Браната Градче, која се наоѓа околу 5 км северно од Кочани. Се кружи околу езерото Градче, и попатно се минува покрај водопадот над езерото, се оди до локалитетот Мактеон и назад се трча по круната на браната.

Од организаторите најавуваат дека пријавувањето, котизацијата, GPS запис, како и останатите детали околу трката ќе бидат објавени наскоро.

https://youtu.be/lmMg6EGu9ho

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here