Mечето Теди заминува за Белица

551

Мечето Теди од штипскиот ЗОО парк заминува во паркот на танцувачките мечки во Белица. Оваа одлука е донесена денеска откако тим и ветеринари  од организацијата „Четири шепи“ и од паркот во Белица денеска беа во посета и ги извршија сите потребни прегледи:

Денеска дојдов заедно со организацијата „Четири шепи“ и од паркот Белица, којшто се наоѓа во Бугарија за да го прегледаат мечето Теди, да му се земе крв, да се направи снимка на повредената шепа, како и тоа да се види во каква состојба е и кога ќе може да патува. Одлучено е да патува во паркот на танцувачките мечки во Белица. Тоа е еден огромен резерват на 150.000 метри квадратни, којшто се под фондацијата „Брижит Бардо“ и „Четири шепи“. Тоа се светски организации за заштита на животните и знаеме дека таму ќе има најдобри услови, изјави Тина Мицковска, портпарол на Зоолошката градина – Скопје