Oд понеделник бесплатна телефонска линија за заштита на гласачкото право за референдумот

0
55

Со цел да им помогне на граѓаните во остварувањето и заштитата на гласачкото право на слободно изразување на нивното мислење и став по однос на референдумското прашање, Народниот правобранител ќе ја отвори телефонската линија, а бројот за пријавување е 0800 54321.
Од Канцеларијата на народниот правобранител потсетуваат на исклучителната важност од остварувањето на правото на непосредно изјаснување, и сметаат дека изјаснувањето на граѓаните и нивниот став по однос на ова референдумско прашање, е и нивна обврска и активен придонес за иднината на општеството.
Народниот правобранител, истовремено ги потсетува и апелира до сите чинители во општеството, да не ги попречуваат граѓаните во остварувањето на нивното загарантирано право на излегување и лично изјаснување, а ги охрабрува граѓаните секое евентуално влијание да го пријават.
Попречувањето на слободното излегување и изразување на своето мислење на референдумот, граѓаните можат и лично да го пријават во канцелариите на Народен правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, секој ден, како и на денот на референдумот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here