13.2 C
New York
Thursday, December 2, 2021

Buy now

spot_img
Home Blog

Нова година и Божик во Малешевијата распродадени . Се пополнуваат само листи на чекање.

0

Цели две години хотелиерите од Малешевијата  чекаа на овој предпразничен  момент.  Сега, на цел месец пред Нова година  и Божик нивните соби  се  полни како во најдобрите денови  а се прават и листи на чекање.

Освен  во Манастир,  со добро располоение се и во хотел Гогов   и комплексот Аурора  кои заедно имаат 150 соби. Гости имаат од сите делови на држвата но и од Бугарија и Србија. Освен    хотелските,  многу барани  во  Малешевијата се и  сместувањата во  семејни  вили  кои ги има над 400. До овој момент  од нив  се изнајмени повеке од половината  но сите се убедени дека за десеттина дена  слободни кревети ке нема  ниту во нив.    

Ликовна работилница со деца со посебни потреби во Делчево

0

20тина дечинња од основните и  средните училишта и од Центарот за деца со посебни потреби, денес заеднички твореа и се дружеа во склоп на традиционалната Ликовна работилница во Делчево.

Материјалите за работа се подарок од Делчевската библиотека.

Ликовната работилница која с еодржува неколку години по ред, е еден од начините да се надминат бариерите меѓу децата и да се подобри комуникацијата меѓу нив.

На работилницата учествуваа и деца од Виница, организирани преку Музејот и Центарот за култура.

Работилницата се организира по повод 3 декември, Меѓународниот ден за поддршка на лица со посебни потреби.

Полицијата претпразнично предупредува: 500 евра казна за забава со петарди и затворски казни за забава со оружје.

0

Од 200 до 500 евра казна им се заканува  на сите кои  ке употребуваат петарди или друг експлозивена материјал, предупредуват од Министерствто за внатрешни работи.

Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните, предупредуваат од полицијата.

 Една од најомилените празнични забави со петарди или друг  лесно запалив експлозивен  материјал  може да биде  многу опасна  за сите, особено за оние кои го активираат.

Поради ова и ризикот на опасност да биде пренесен и во училиштата, одговорните во нив уште отсега превземаат мерки за нивно внесување  во училишнит згради.

Сепак,  главниот ризик доага од употребата на огнено оружје и екслпозивен материјал кои  за празниците многу е веројатно дека ке ги има. Оваа опасност  не ја исклучуваат и од МВР  па уште отсега потсетуваа  дека во таков случај  последиците се  тешки.

Секој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години,  цитираат делови од Кривичниот законик  од МВР.

Во овој контекст, МВР спроведува превентивна кампања  со цел  на граганите  да им се укаже на можните последици од употреба на оружје, експлозиви и пиротехника.

Грција: Прв заболен со вирус варијантата Омикрон

0

Првиот случај на омикрон, новата варијанта на корона вирус, е откриен во Грција, потврди министерот за здравство Танос Плеврис. Тој рече дека е заразен грчки државјанин на Крит, кој неодамна пристигнал од Јужна Африка. Министерот увери дека се испочитувани сите карантински протоколи и протоколи за мониторинг.

Бугарија: Нема влада пред Европскиот совет

0

Бугарското издание на „24 часа“ пишува дека теоретски е можно да се гласа за новата влада во земјата на 15 декември, но многу е малку веројатно изборот на новата бугарска влада да биде изненадувачки поврзан со претстојниот Европски совет на 16 и 17 декември. Како што јави дописникот на МИА од Софија, пред овој датум нема да има нова бугарска влада, дури и ако е постигнат договор за имињата на идните министри меѓу коалициските партнери.

Лошо деноноќие во КБ – Штип. Починаа тројца корона пациенти

0

Лоши 24 часа испиша короната во Клиничката болница во Штип, откако тројца пациенти не ги издржаа последиците од болеста. Станува збор за две лица од Кочани и едно од Штип, на возраст од 55 до 82 години.

Во моментов сите напори се насочени за лекување на 39 пациенти од кои 36 се со кислородна поддршка, информираат од Болницата.

Ова состојба го потврдува трендот речиси сите пациенти да имаат потреба од кислороден третман, што повторно укажува на  тешката состојба со која заболените се соочуваат.

Во источниот дел на Државата , корона инфекција е потврдена кај 810 лица. Први на листата се Кочани, Штип и Делчево, а според бројот на жители, бројката е голема и во Берово, Македонска Каменица и Свети Николе.

35.000 евра од Бугарија за ДГ „Астибо“ во Штип

0

35.000 евра ќе донија Бугарија за астибовата детска градинка во Штип, потврди бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов, на денешната средба со градоначалникот Иван Јорданов:

Денешната средба е можност за поширока соработка, а двете страни ќе направат се таа да биде конкретна:

Во последните години, меѓусебната соработка бележи континуитет во реализацијата на повеќе европски проекти во кои беа инволвирани општини и институции од двете држави.

Новата бугарска влада е нова можност за решавање на спорот со Македонија

0

Новата бугарска влада која Парламентот треба да се изгласа во средината на месецот, е нова надеж за решавање на последниот бугарско-македонски спор во врска со македонскиот европски пат, изјави бугарскиот амбасадор во Македонија Ангел Ангелов денес во Штип.

азговорите продолжуваат, тие никогаш не запреле и се водат доверливо меѓу двете министерства за надворешни работи. Се надевам дека ние ќе добиеме нова влада. Утре е првата сесија на новиот Парламент на Бугарија и се надеваме дека новата политичка влада ќе постигне договор со Владата на Македонија. Треба да оставиме да се формира владата, затоа што во Парламентот има седум политички партии и е многу тешко постигнувањето на решение. Така што, се надевам дека прво ќе избереме влада за да може да се дојде до решение, рече Ангелов

Ангелов: Телата на загинатите ќе се транспортираат утре

Во однос на катастрофалната автобуска несреќа , амбасадорот Ангелов, најави дека утре со два транспортни авиона телата на починатите ќе бидат пренесени во Македонија.

ССК: Рециклирање наместо поскапување на ќесите

0

Наместо да се одредуваат високи цени за кесата, да се врши нивна селекција и рециклирање, бараат од Групацијата на производители на платични маси. Велат дека за да го преориентираат производството кон биоразградливи кеси треба да вложат по околу пет милиони евра, а дополнително и не им се достапни материјалите за производство.

Деспотовски: Континуиран раст во ТИР зоните

0

Продуктивноста на трудот во континуитет расте во изминатите 10 години со значителна стапка од 55 проценти во ТИР зоните, кажа денес на прес дир. на Дирекцијата з аТИРЗ Јован Деспотовски. Ова според него покажува дека има значителен потенцијал да се коригираат платите и дополнително да растат.