Денес во Штип беше одржан првиот час по лизгање. На Градскиот плоштад каде што веќе дваесеттина дена е поставено лизгалиште.
Пред се ќе имаме разни игри на мраз, но што е најважно ќе учиме како за почеток се паѓа на мраз. Годинава ќе ги учиме основните работи во лизгањето, за в година да бидеме по подготвени да лизгаме на мраз, изјави Дарко Митев – наставник
Првиот час предизвика несомнена желба, внимание и интерес кај најмладите.
Ова ми е прв пат да сум на лизгалки и сакам да научам да лизгам на мраз изјави анкетиран ученик
Желба ми е да се лизгам на мраз со лизгалки, како оние што ги гледам на телевизија и оваа можност да научан не ја пропуштам изјави анкетиран ученик
Сакам да лизгам на мраз и се надевам дека денеска ќе го научам тоа, изјави анкетиран ученик
Дека желбата да научат да лизгаат е поголема од ризикот аргументи имаше доста.
Едукацијата по лизгање е во организација на ЛС Штип и ОУ Димитар Влахов. Очекување е дека лизгалиштето ке го има и во иднина бидејки интересот за него годинава беше голем.