Синдикатот на администрацијата и правосудните органи бара 7 часовен работен ден и повеке денови за празнување. Според него, тоа биле европски трендови во кои Македонија треба да се вклучи. Работат и работното време на администрацијата постојано се трн во око на останатите па оттука и реакциите за ова барање:
„Администрацијата и онака не работи, не знам зошто да и се крати работното време. Ако и се крати нека се сведе на два часа и онака само толку работат“, велат анкетирани граѓани.
Овој став кажува се но истовремено го поставува и реторичното прашање, односно, Колку треба да работат работниците ако администрацијата бара 7 часа работа и повеке денови за одмор?
„Ако се намале на администрацијата работното време, треба да се намали на сите“ …. „ Ако важи законот нека важи за сите не само за администрацијата“…. изјавија анкетираните граѓани
Дали владата воопшто ќе ги земе во предвид барањата на УПОЗ е неизвесно но во овој монет се чини тоа е малку веројатно. Како и пред секои, така и пред овие избори трендовски е со самодоверба да хранат работниците, по малку да се удри на газдите и фирмите дека ги газат работничките права, да исплатат К 15, и слични работи.
Во однос на армијата од 150 000 админстрација и оваа власт има нужен изборен респект па уште едно формално барање на Синдикатот состојбата нема да ја промени. Власта и така добро знае дека на административците слободно време не и е малку туку малку им се пари. Синдикатот нив сега не ги бара, што значи, на крајот се е во ред.