80% од извршените испитувања во Регионот го потврдуваат присуството на исклучително опасниот Х1Н1 грип попознат како Свински грип.
Во општините за кои надлежен е Центарот за Јавно здравје Кочани денес беше достапен извештајот за болните од грип .
„Во Виница се пријавени 6 случаи, во Делчево 43, Пехчево 4, Берово 8 и Кочани 8 случаеви. Само во оваа петта недела имаме 78 случаеви, или вкупно досега од пријавувањето на грип има вкупно 155 заболени“ Изјави д-р Горан Николов, еидемиолог во ЦГЈ – Кочани
Идентичен извештај обработија и надлежните од општините за кои е надлежен Центарот за јавно здрваје Штип.
„Во Штип имаме 85 заболени, Пробиштип 1 и Радовиш 70. Во последната петта недела од приватните амбуланти имаме 47 лица кои се пријавени за лица кои се заболени од грип“ изјава д-р Александра Србиновска, епидемиолог во ЦГЈ – Штип
Иако прв впечаток е дека според бројот на болни од грип оваа година и не е така ризична, состојабата е спротивна зашто оваа година ризикот доага од присуството на висок процент од споменатиот Х1 Н1 грип.
Оттука, докторите се категорични
„Превентивата за заштита од вирусот е првенствено провретрување на просториите, правилно миење на рацете, и рацете треба соодветно да се мијат“ Изјава д-р Александра Србиновска, епидемиолог во ЦГЈ – Штип
Инаку досега, свинскиот грип е приина за два смртни слуачја во државата и најмалку на 100 во соседството.