Пред Белата куќа во Вашингтон денес бил забележан камион со ликот на Мило Ѓукановиќ и натпис: „Запознајте го претседателот на Црна Гора. Човекот што во 2015 година најмногу придонесе за промовирањето на организираниот криминал и корупцијата – Мило Ѓукановиќ“.
Камионот освен пред Белата куќа поминал и пред зградата на Конгресот на САД, амбасадата на Црна Гора, претставништвото на ЕУ и Стејт департментот.
Акцијата ја организирале млади Албанци од Денвер, а на банерот на англиски пишувало: „Сопрете ја дискриминацијата на Албанците во Црна Гора“.