Емануел Макрон најави дека е време Франција да се врати на “разумот ” по месеци на протести од антивладините движење “жолти елеци”, соопштува “Политико”.
Во последниот од серијата “големи дебати “, кои Макрон ги спроведува со заедници во земјата како одговор на протестите , претседателот објасни дека насилните демонстрации не се добри за имиџот на Франција во странство.
Макрон ги направи своите забелешки на средба со градоначалниците од рурална област во централна Франција, откако студијата покажува дека за прв пат повеќе од половина од населението на Франција сака протестите на “жолтите елеци” да завршат . Време е за Французите да ги симнат жолтите елеци, рече претседателот.
56% од испитаниците во истражувањето на Elabe за BFMTV објавено во средата, сметаат дека движењето треба да престане со мобилизирање на луѓе да излегуваат на улица и тоа со зголемување за 11 процентни поени во однос на претходниот месец.