Автомобил со полна брзина удри во трговски центар во германскиот град Хамбург, јавуваат локални медиуми.
Според пишувањето на „Хамбургер абендблата“, девет лица се пренесени во болница. Зградата на трговскиот центар е евакуирана, а полицијата соопшти дека станува збор за незгода.
Како што наведуваат локалните медиуми, повозрасен маж во обид да го паркира возилото изгубил контрола и низ излогот влегол во трговскиот центар.