Конгресот на американската држава Флорида, усвои закон кои дозволува на наставниците да носат пиштол во училниците како мера за спречување на терористички напади.
Парламентот во Флорида, во кој повеќето го сочинуваат републиканци, гласаше со 65 гласови ЗА, додека 47 беа против законот, пренесе АП.Се очекува дека гувернерот Рон де Сантис да го потпише овој закон.
Новата мерка ќе им овозможи на училиштата да учествуваат во волонтерската програма “Guardian”, на која ќе можат да им дозволат на наставниците во период од 144 часа, да поминат обука и да поседуваат оружје за време на часовите во училиштата.
Наставниците кои ќе изразат желба да носат оружје, ќе мора да ја поминат обуката со полицијата, а исто така во програмата ќе биде вклучена и психолошка процена. Се преземаат мерки за заштита на учениците во училиштата, па оваа идеа и одлука е дел од мерката за заштита.
Инаку бивши ученик на 14 февруари 2018 година влезе во средното училиште Марджори во Паркланд ,наоружан со полуавтоматска пушка и почна да отвора оган кон ученици во училиштето, и во таа прилика уби 17 а рани 14 лица.