Вашата кујна може да послужи како аптека доколку по каснување од комарец имате силно чешање и се појави голем оток. Овие намирници можат да ви помогнат за да ги намалите тегобите.
Помогнете си со лимон. Втријте една половина од лимонот на местото на убодот. Можете да помешате и лимонов сок со босилок, па со оваа мешавина ќе ги намалите тегобите по убодот од комарецот.
Сода бикарбона моментално го спречува чешањето по каснувањето на комарецот. Растворете чаша вода и лажичка сода бикарбона, натопете вата или газа со растворот и држете на местото од убодот 10 до 20 минути.
Солта е одличен лек против оток и чешање по убодот од комарец. Направите паста од сол и неколку капки вода и нанесете на местото на убодот, по неколку минути измијте го местото.