Штипјанецот Андреј Велков, член на штипската Акдемија „Постолов Пандев“, во следните две години ќе биде дел од Академијата на ФФМ во Скопје.
Младиот Велков во академијата на Куќата на фудбалот заминува по барање на Федерацијата.
Периодов младите фудбалери на Академија Постолов Пандев активно работат на подготовки преку пријателски натпревари, меѓу кои последниот и со младите на ФК Брегалница на стадионот во Бело Брдо.
Тренерот, пак, Борче Постолов од пред недела дена е носител и на признание од Меѓународниот семинар на фудбалски судии во Пехчево, а беше дел и од кампот на Реал Мадрид во Штип, кој го организираше фудбалскиот клуб Кит-Го Пехчево.