Лионел Меси би можел да не заигра повеќе за аргентинската репрезентација ако се остварат најавите дека КОНМЕБОЛ ќе му изрече суспензија од две години.
Причина за тоа се неговите коментари на сметка на судењето и сериозното обвинување дека се е наместено за Бразил да ја освои титулата на домашен терен на Копа Америка. Според членот 7 од правилникот, КОНМЕБОЛ има право да му изрече таква санкција, но за тоа дополнително ќе се расправа.
Со оглед на тоа што следната Копа Америка е идната година, а потоа во 2024, евентуална суспензија за Меси најверојатно ќе значи негов крај на репрезентативната кариера, освен ако не одлучи да го чека Светското првенство во Катар за три години.