Во болницата во Пловдив, успешно е отстранет огромен тумор со големина на две машки тупаници од града на 100 – годишна жена.
Туморот е откриен пред 3 години, но поради годините тогаш 97-годишната жена одбила да се оперира. Во меѓувреме, тој нараснува до големина која бара итна операција , што е и направено.
Станува збор за сложена и тешка операција , не само поради годините, туку и поради здравствената состојба на жената. Имено таа 50 години страда од дијабетес, а имала и други придружни заболувања, но лекарите сепак одлучиле да оперираат.
Инаку, во болницата во Пловдив , последните месец-два регистрирале зголемување на ракот на дојка кај жени на возраст постари од 90 години, што порано не било случај. За два месеца, во оваа болница биле оперирани три пациентки над 85 години, а закажана е уште една операција на 90-годишна пациентка.