Летните одмори се во пол ек, а со тоа и фрустрациите кај жените и мажите кои навреме не се организирале за зајакнување на стомачните мускули.
Ако ова Ви се случува, овие совети ќе Ви бидат од полза. Ќе бидете и повитки и поздрави.
Ако јадете храна подготвена со кокосово масло подолго ќе останете сити и помали се шансите да огладнете меѓу оброците.
Секое утро, половина час по појадокот и навечер пред спиење се препорачува да консумирате по една лажичка мед и цимет, растворена во топла шолја вода. Дава екстра резултат!
Старите баби сигурно ќе ви кажат дека нема ништо страшно да проголтате неколку семки од маслинки, затоа што тие ќе го намалат чувството на глад заради тоа што тешко се варат. Притоа го намалуваат лачењето на желудочна киселина и создаваат пријатно чувство во стомакот. Само не претерувајте, доволна е една семка дневно.
Целерот е билка која се вели дека има негативни калории. Што значи тоа? Дека за време на варењето трошите повеќе калории, отколку што сте внеле при неговото консумирање. Се препорачува за подолго чувство на ситост.