Македонска Каменица мора под итно да го тргне сонцето од Вергина од општинското знаме . Ова произлегува како обврска од Преспанскиот договор, а на што од Владата потсетија и вчера и денес.
Согласно овој договор, Сонцето од Вергина треба да се отатсрани од општините, државните и локални институции:
„ Преспанскиот договор е јасен, тоа да не се користи за државните институции, се разбира и за локалните институции и сега дојде моментот таа одредба да се имплементира. Преспанскиот договор е прифатен од Собранието со двотретинско мнозинство и граѓанитие се запознаени со чекорите што следуваат“, изјави денес министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
Во источниот регион, како официјален симбол Сонвето од Вергина го има само на официјалното знаме на Македонска Каменица:
„Ние сме во постапка за промена на општинското знаме и ова точка ќе биде разгледана на првата наредна седница на Советот. Во меѓувреме, знамето не се истакнува “, информираат од Македонска Каменица.
Но освен , на општинските грбови и знамиња, Сонцето од Вергина го има и на многу споменици. Што во таков случај:
На спомениците како овој ќе треба само да се обележи дека тоа е споменик од античкиот,односно од еленистичкиот период. Не да се отстрануваат, туку во фуснота да се наведе од кој период е конкретниот споменик. Освен во Штип, вакви споменици има и во Скопје, Битола, Прилеп и уште неколку други општини.