Граѓаните се револтирани од скандалите кои во серија ја тресат државата но и од односот на институциите кон нив. За прв виновник тие ги назначуваат Катица Јанева и нејзината мрежа од соработници во СЈО.
За ова јас мислам дека е виновна Катица Јанева… Сите се виновни од а до ш тоа треба да се исправе со постапки со закон… изјавија анкетираните
На прашањето Која од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ направи повеке сканадали , граганите се со следното мислење. ..
„По мое СДСМ, по мое мислење“
„И двете има, не е кантар да мереме ама има“
„Сите се иста марка“
Колку овие размислувања некогашните и сегашните политичари на власт ке ги имаат во предвид е нејасно, но во државата станува се пожешко. За некои , пожешко и од 40-те степени .
„Ситуацијата е многу специфична и симптоматична , со оглед на тоа дека институциите поставеноста на државата со својот механизам на решавање на проблеми се соочува со проблем што дел и проблем е токму тој систем. Проблем е судството , институциите кој не ги исполнуваат своите обврски. Ако земеме во предвид ако дел од актерите на повеќе афери ќе видеме дека системот оди сам против себе. Премиерот Заев ќе биде првиот кој ќе мора да ги повлече сите клучни потези. Тоа подразбира барање одговорност од целиот тој механизам кој е испод тој механизам. Многу тежок момент дека испаѓа на крај дека разоткривањето води и до неговата партија. Премиерот најпрво во своите редови треба да направи чистка“ Изјави Агим Јонуз-политички аналитичар