Министерството за здравство е во финална фаза на изработка на Националната листа за трансплантации на бубрези и до крајот на октомври на листата ќе има повеќе од 150 хла типизирани пациенти на дијализа кои имаат потреба од бубрег, соопштија
од Министерството за здравство. Министерството за здравство веќе склучи договори за соработка со болници од Израел и Турција, а во преговори е и соработка со центри во Словенија, Хрватска и Австрија, како и потпишување на договор со Еуротрансплант кој ќе овозможи размена на органи со нам блиски земји членки на Еуротрансплант.