По оставката на Валбона Сако, за привремен градоначалник на Драч, општинскиот совет го назначи Жиљан Варфај,кој во изминатите 12 години беше заменик градоначалник.
Тој на оваа функција останува до спроведување предвремени избори за градоначалник на Драч.
Сако поднесе оставка, по изјавата за Топ ченел, во која рече дека „ова беше еден катастрофален земјотрес, но сме задоволни и со 50 жртви, затоа што во други случаи бројот на жртви бил поголем и од 1000″.
Поднесувајќи ја оставката таа рече дека е длабоко повредена од негативните реакции на објавата што ја дала. Им се заблагодари на сите за довербата што и ја дале и побара разбирање,поради изјавата која е последица премореност и стрес.