Снежна бура ги затвори училиштата од Западна Вирџинија до Нова Англија во Соединетите Американски Држави.
Во одредени делови од Западна Вирџинија се очекуваат од 5 до 30 сантиметри снег, а во пет окрузи се затворени училиштата.
Во Њу Хемпшир се затворени стотина училишта после ударот на снежниот бран кој донесе 15-тина сантиметри снег. Како што пренесува новинската агенција „АП“, нови врнежи на снег се очекуваат и во следните неколку дена.
Гувернерот на Њу Хемшир изјави дека тоа ќе биде „долга и тешка бура“, а на североистокот се очекува од 25 до 50 сантиметри снег.
Инаку, повеќе од 280 летови од и кон САД се откажани, а над 1200 се одложени поради снежната бура. Најголем дел од летовите се откажани на аеродромите во Њујорк и Бостон.