Доколку Уставниот суд иницијативата ја разгледува по однос на одреден член од целиот Закон за амнестија и оцени дека е вонуставен, тогаш би биле амнестирани сите останати за настаните во Собранието на 27 април 2017 година, смета обвинителката Вилма Рускоска:
„Ако е за одреден член само, каде точно се наведува за кого важи и за кого не важи амнестијата и ако Уставниот суд донесе одлука дека тоа е вонуставен член, тогаш сите останати би биле амнестирани. А не сметам дека Уставен суд иницијативата ја разгледува по однос на целиот Закон за амнестија“, рече Вилма Рускоска, обвинител во ОЈО.