3.5 C
New York
Friday, March 31, 2023

Buy now

spot_img

Регионот ги избира идните советници и   градоначалници. Некои вратата ќе ја отворат  уште утре.

Утре во 19  часот  граѓаните ќе стават  точка  на изборите за новите општински совети, а  собата  на неизвесност  е многу веројатно дека ќе  ја напуштат и некои кандидати за градоначалници.

Во делот избори за советнички листи   Изборниот законик предвидува само еден круг  што значи составот на советите  во сите општини ќе се  знае утре, а изборот е според  пропорционалниот модел. Што значи  ова на многумина не им е јасно  но во најкратки црти  станува збор за  следното.

Имено, распределбата  на мандатите, односно советничките места, се  врши според  т.н. Донтова  формула  што значи дека вкупниот  број гласови  што секоја листа ке го има  се дели со низот  на делителите  1,2,3 и т.н.  се до исцрпување  бројот на членовите  на советот.  Добиентте количници се редат при што во предвид се земаат само најголемите

Во однос  изборот на градоначалници   постапката е даеку поедноставна и Законот предвидува   еден или два иззборни  круга.

За некој од кандидатире да биде избран во првиот круг треба да   обезбеди  50% + еден гласач  од излезените  кои пак кте треба да се помалку од една третина од вкупниот  број  запишани гласачи.

Во вториот круг услов за излезност нема и во него одат  двјацата кандидати со најмногу гласови.    За избран Законот   го признава оној кој ке освои  повеке гласови,  па макар  тоа  да е и  само еден глас.

Според овие изборни правила утре во Источниот регион  политички  ке се натреваруват  33 кандидати за градоналници и 58 изброни листи за советници предложени   од партии и  грагани.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,757FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles