3.3 C
New York
Thursday, December 9, 2021

Buy now

spot_img

Цената на струјата вртоглаво расте. Компаниите што сами си произведуваат струја – во предност

Најмалку една третина од потребите за струја, светиниколската компанија Мода, ги обезбедува од сопствено производство. Фотоволтаичната централа со вкупна инсталирана моќност од 296 киловат-часови, произведува „зелена“ електрична енергија, а во услови на драстично покачување на цената на струјата на слободниот пазар, ова за Компанијата значи заштеда и поголема конкурентност:

„Ние штедиме 1/3 од трошоците за струја за разлика од тоа пред да ги инсталираме панелите. Ни се покаже и одлично кога на верзата има драстично зголемување на цените. Имаме сопствена централа што значи дека покриваме голем дел од трошоците“ изјави Ангел Димитров, ген. менаџер на Мода – Св. Николе)

На овој начин, Компанијата намалува дел од трошоците, кои во време на криза како што е изминативе две години, значи многу:

„Се работи за намалување на трошоци за работење“изјави Ангел Димитров, ген. менаџер на Мода – Св. Николе)

Во летниот период и сончеви денови, преку инсталираните фотоволтаици, се обезбедува целокупното потребо количество на старуја за одвивање на производниот процес. За време на викенди , пак, кога фабриката не работи, вишокот на струја се продава на слободниот  пазар.

Идентично на Мода и неколку штипски компании преку фотоволтаици обезбедуваат дел или целосно количини на струја за покривање на сопственото производство.

Ова се покажа како одлична инвестиција особено во време кога на слободниот пазар, цената на електричната енергија се покачи од 56 на дури 180 евра за мегават час.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,052FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles