Храната која што се нуди з апродажба и ја комсумираат граѓаните е здрава, тврди првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство Николчо Бабовски
„Ние спроведуваме огромен број контроли кои се наменети за она што е основа за понатамошните активности на дистрибуцијата и конзумирање храна. Имаме 6.200 редовни, контролни проверки, и околу 5.000 вонредни контроли кои ги вршиме по претставки доставени до АХВ.Храната што не е во ред мора да се уништи. Околу 15.300 килограми храна е уништена од наша страна и 22.830 килограми храна е уништена од операторите. При спроведување на контрола настојуваме редовно да вршиме контроли, а во последно време имавме засилени контроли во туристичките места. Сето тоа доведе да имаме помалку небезбедна храна и во маркетите и во угостителските објекти“ вели директорот на АХВ Бабовски