3.6 C
New York
Sunday, December 5, 2021

Buy now

spot_img

Од денес, општините во Регионот имаат нови советнички состави . Досегашната црно бела слика граѓаните ја избришаа

За првпат по 7 изборни циклуси , црно белата слика со општинските совети е избришана, па регионот се ослободи од еднопартиската монотонија која периодично ја креираа и двете партии. Граѓаните се одлучија за шареноликост која веројатно ќе донесе нов и повисок квалитет во развојот на општините и регионот.

Имено, од вчера,за првпат ниту една партија нема апсолутна доминација во регионот , што најверојатно ќе овозможи синхронизиран пристап во општинските интереси од страна на централната власт. Но, еве како изгледа распоредот на силите во советите на општините.

ВМРО ДПМНЕ освои 77 мандати, СДСМ ; 65 Левица 4 ; ЛДП/ДОМ 3 и независни 8.

Во Штип  мнозинството го има ВМРО ДПМНЕ со 13 освоени мандати, наспроти 9 на СДСМ и 1 на Левица.

Во Кочани СДСМ и ВМРО ДПМНЕ имаат по 8, а по еден мандат освоија Левица, ЛДП/ДОМ и независниот Венко Крстевски. (графика)

Изедначен број мандати ВМРО и СДСМ имаат и во Пробиштип по 7 и еден мандат освои независниот Денис Тодоровски.

Во Македонска Каменица  по 4 мандати имаат ВМРО и СДСМ, а три мандати освоија две  независни листи.

СДСМ во Делчево има 8 мандати, ВМРО 6 и еден Левица.

Во Берово СДСМ пополни 8 советнички места, а ВМРО 7.

Виница  е со доминантен број советници од ВМРО 8, СДСМ има 6 и ЛДП/ДОм 1

ВМРО е неприкосновен во Карбинци со освоени 6 советници, наспроти 3 на СДСМ.

Распоредот на силите во Зрновци е 5 за ВМРО, 3 за СДСМ и 1 за ЛДП/ДОМ.

За Пехчево ќе одлучуваат 5 советници од ВМРО, 4 од СДСМ и 2-ца независни.

Во Свети Николе ВМРО има 8 советници, СДСМ 5, Левица 1 и еден незаависен.

Новото по овој изборен циклус е присуството на Левица во четири  општински совети, но и независна група на гласачи во Кочани. Според, соодносот на силите, Левица во овој момент нема одлучувачко влијание , но  за  разлика од неа за многу клучни одлуки, исхотот во кочанскиот и советот на Пробиштип ќе зависи од независните Венко Крстевски и Денис Тодоровски.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,044FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles