2 C
New York
Sunday, November 28, 2021

Buy now

spot_img

7 општини добија градоначалници во прв круг

7 градоначалници од Источниот регион обезбедија изборни победи уште во првиот круг од изборите вчера.

Најубедлива победа оствари кандидатот на ВМРО ДПМНЕ во Штип Иван Јорданов, кој според податоците на ДИК освои 13.066 гласови. (54,26 %) Неговиот противкандидат и довчерашен градоначалник  Сашко Николов застана на бројката од 9.178 гласови (38,11%) , што значеше и крај на изборите во Штип. (графика бројки + %)

Во Штип на овие избори можност да гласаат имаа 42.045, а од нив зад гласачките пултови се појавија 24.080 што е  57,36 %.

Во Делчево, повторена доверба доби Горан Трајковски од СДСМ за кого гласаа 4.389 граѓани,  односно  51,14  %. кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Никола Стојменовски ја имаше довербата од 3.635 или 42,35 %.

Уверлива победа во Виница синоќа имаше Миле Петков од ВМРО ДПМНЕ кој освои 4.970 гласови  ( 54,74%) и досегашниот градоначалник Ивица Димитровкој имаше 3.592 гласа (39,56 %)  што е за 1.378  гласа помалу, што значи дека Виница во наредните 4 години ќе ја управува Миле Петков.

Гласачите во Берово својата работа ја завршија исто така во првиот круг, и овој пат во полза на кандидатот и досегашен градоначалник од СДСМ Звонко Пекевски. За него ливчето го заокружија 3.354гласачи (51,25%), за разлика од Елеонора Рашковска која успеа да ја собере довербата на 2.551 гласачи (38,98%).

Во Свети Николе , изборната трка заврши можне рано, бидејќи Дејан Владев од ВМРО ДПМНЕ предност покажа уште на самиот почеток за да на крајот обезбеди 4.766 гласачи (51,97%). Сашо Велковски од СДСМ стигна до 2.964 гласови (32,32 %), за сметките не успеа на Владев да му ги растури ниту независниот Слободан Даневски кои собра едвај 987 гласа (10,76 %).

Во Зрновци, третпат едно по друго, победата ја добива опцијата на ВМРО ДПМНЕ овој пат со Борчо Коцев за кого гласаа 781 гласачи (54,54%), а неговиот противкандидат од СДСМ Виктор Ангелов имаше сила до 581 гласачи (40,57 %).

Процентуално и сразмерно на бројот на гласачи , најуверлива победа во Регионот извојува Виктор Паунов во општина Карбинци , кој беше кандидат од ВМРО ДПМНЕ. Паунов, освои 1.384 гласови , (59,40 %) разликата со неговиот ривал е цели 555 гласа, што е 24 %.  Имено, Насев освои 829 гласа (35,58) Уверливоста на победата доаѓа од фактор што Карбинци има само 3.215 гласачи.

Стенд ап: Во овие општини изборната приказна е завршена и без оглед на можните приговори за изборни нерегуларности, многу тешко е да се поверува дека се можни промени во крајниот резултат. Сега, долги и неизвесни две недели им претстојат на кандидатите за градоначалници во останатите 5 општини.

Во сите нив , политичката борба ќе биде крајно неизвесна , бидејќи повторно според податоците на ДИК состојбата е сладна:

Во Пробиштип, кандидатот Драган Анастасов Ладич освои  4230 и  има предност од 464 гласови  која противкандидатот Маријан Миленковски сигурно ќе се обиде да ја анулира и на сега добиените 3766 да го надогради потребното.

Во Кочани , уште отсега може да се зборува за драматичен изборен ден , бидејќи Никочо Илијев од СДСМ освои 7963 , а Љупчо Папапзов  7490  гласови. Крајно, разликата е само 473 гласови и сите опции се можни.

Вториот дел од изборите во Чешиново Облешево, нудат исто така неизвесност, а  разликата од 120 гласови во полза на Далибор Ангелов  од ВМОМР може , но и не мора да биде гаранција за успех. Имено, таму Далибор Ангелов освои 1.511, (41,43 %)  а Горанчи Крстев од СДСМ 1.386 гласови. (38 %).

Пехчево, во овој момент испишува исклучително ретко драматична изборна приказна бидејќи разликата  помеѓу двајцата кандидати е сведена на симболични 30 гласови. Во апсолутни бројки тоа се 1.107 (39,83 %)за кандидатот на СДСМ Славчо Пандурски, и 1.076  (38,82%) за Александар Китански од ВМРО.

Се работи за фото финиш со очекувано нагласена партиска активност, се до последен момент.

Македонска Каменица, го сруши сите досегашни рекорди според бројот на кандидати за радоначалници што однапред потенцираше дека сценариото ќе биде комплицирано. Во крајно неизвесната завршница , Соња Стаменкова од СДСМ влегува со предност со исто така симболични 72 гласа, пред Димчо Атанасовски од ВМРО ДПМНЕ.  За Стаменкова гласаа 1.270 (31,62%) додека за Атанасовски 1.198 (29,82%)  И овде , според аналитичарите може да се очекува трилер завршница.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,032FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles