Во моментов , короната во болниците во Штип и Кочани, држи вкупно 62-ца жители од Истокот. Само во Штипската болица, на лекување се 50 лица:
Во Модуларната болница им 41 пациент, од кои 37 се на кислородна поддршка. На Кожното одделение каде се лекуваат пациенти со полесна клинилка слика, се сместени 9-мина. Две лица на возраст од 60 години од Пробиштип и 85 од Кочани, се починати, информираат од Болницата.
Во Кочанската болница има 12 пациенти чија возрасна граница е околу 50 години
Од утре, се очакува да започне и скринингот во основните и средни училишта во регионот. Се уште се очакуваат насоките од ресорното министерство и податоците за тоа колку ученици и во кои училишта ќе бидат тестирани.
Инаку, само во Штип,потврдено ковид позитивни се 15 ученици.