Најмалку 30 директори во Штип, Карбинци, Виница, Св. Николе и Зрновци очекуваат заминување од сегашните позиции, откако таму се случија изборни промени. Под ингеренции на локалните самоуправи се јавните претпријатија, градинките, основните и средни училишта, противпожарните едниници, некои институции од културата и командири на полициски станици.
До овој момент, нашето ниво за демократија и промени, подразбира по секоја промена победниците за себе зимаат се, без оглед дали претходната гарнитура зад себе оставила успешни менаџери на институциите. Оттука , нормално е тоа да се очакува и овој пат. Кога овие промени можат да се случат најрано
Според Изборниот законик , конституирањето на советите и преземањето на функцијата градоначалник може да се случи во рок од една недела
По ова, практично новоизбраниот совет и градоначалник ги имаат сите ингеренции , по што и се очакува , веројатно сите споменати директори да се вратат од каде што дошле на функциите.
При сите промени, најомилени се јавните претпријатија и таму директорите страдаат први , а новите доаѓаат во најкраток можен рок, што сигурно е ќе се случи и овој пат. Со други зборови, ЈП-ја во споменатите општини нови директори ќе добијат до крајот на месецов.)
Исклучок од ова , би можеле да бидат директорите во Берово и Делчево, каде изборниот епилог е ист од пред 4 години, односно каде досегашните градоначалници беа реизбрани:
Секако, овој биланс на промени е до овој момент, бидејќи за помалку од две недели претстои втор круг од изборите . Потоа, се ќе зависи од изборните резултати.