13.2 C
New York
Thursday, December 2, 2021

Buy now

spot_img

Независните пополнија 8 советнички места. Станаа четврта политичка сила во Регионот

Независните кандидати станаа четврта политичка сила во општинските совети .

Најмногу гласови освои независната листа на Денис Тодоровски во Пробиштип 1.471 (5,50 %).

Следува Венко Крстевски во Кочани со 1.382 гласови (8,36%).

Во Македонска Каменица  листата на Дарко Гоцевски со 584 гласови (14,56 %) обезбеди два советнички мандата, а Слободан Велиновски со 565 гласови (14,09%) еден.

Во Пехчево за два мандата  со 553 гласови (19,88%) се избори Виолета Ѓорѓиевска.

Франческо Наков, пак, во Чешиново Облешево освои 303 гласови (8,31 %) доволни за еден советнички мандат.

Со вкупно освоени 8 советнички места и 3.868 гласови, најмалку  во три совети во Регионот, гласот на независните ќе биде решавачки и без нив, одлуките тешко ќе минуваат.

Таква е состојбата во Кочани, Пробиштип и Македонска Каменица, каде двете најголеми партии имаат ист број на советници, па гласот на независните, ќе биде најважен.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,043FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles