Во 8-финалето на Фудбалскиот куп на Македонија, екипата на Брегалница ќе игра со второлигашот Охрид , на домашен терен во Штип. Правдата ќе ја дели судијата Доне Ристовски од Гевгелија, на кого ова му е прво судење во Штип. Во рамките на Осминафиналето се игра само по еден натпревар.
Во другите средби играат Струга- Борец, Академија ПАНДЕВ-Македонија ЃП, Шкендија- Ренова, Вардар- Скопје, Беласица– Силекс, Пелистер- Работнички, Шкупи- Тиквеш.
Сите средби се играат утре со почеток во 14.00 часот.