2.9 C
New York
Saturday, November 27, 2021

Buy now

spot_img

Дискриминирани сме и со работа отпочнуваме самоволно, најавија денес од Штип претставниците на сите ноќни клубови во Државата

Дискриминирани сме и со работа  отпочнуваме самоволно, најавија денес од Штип претставниците  на сите ноќни клубови во Државата. Вратите за посетители тие ќе ги отворат наредната недела, доколку претходно, не бидат сослушани од владини претставници и не најдат заедничко решение:

За последен пат апелираме до власта и до комисијата за заразни болести да престанат со арогантното и селективно однесување како воопшто да не постоиме, и во текот на оваа недела да ни даде термин за состанок на кој ќе се разговара за нашето работење. Во спротивно  ќе бидеме приморани по пат на граѓанска непослушност да ги отвориме клубовите, за што би можеле да одговараме кривично, како да сме криминалци, а не бизнис субјекти кои бараат излез од целава ситуација да преживеат, да опстанати  да ja работат својата примарна дејност, се вели во соопштението испратено од претставници на 20 ноќни клубови во Државата.

Како аргументи во насока на отворање на клубовите претставниците посочуваат дека тие се затворени повеќе од 19 месеци, немаат никаква државна помош, бараат да работат под строги протоколи со 50 % од капацитетите и со сертификати за двојна вакцинација, што е гаранција за безбедност.

Претставниците на ноќните клубови тврдат дека работата на летните дискотеки, не биле причина за зголемување на бројот на позитивните, а предизборните митинзи, биле многу поризични од  отворањето на клубовите.

Поради ова, рок на Владата за договор, тие и даваат уште една недела по што, клубовите ги отворале сами.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,030FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles