13.2 C
New York
Thursday, December 2, 2021

Buy now

spot_img

Има интерес за примање трета доза вакцини во Штип

Има интерес за аплицирање на трета доза вакцини за лицата кои првите две ги примиле од кинеските Синофарм и Синовак, вели вакциналниот координатор за Штип,  Дијана Коцева Миланова:

Од денеска почна вакцинацијата со трета доза вакцина и имаме голема заинтересираност во вакциналниот пункт во Здарвствениот дом. Може да се вакцинираат граѓани со Синовак и Синофарм“ изјави Дијана  Коцева Миланова, коорд. за вакцинација во Штип

Најголем интерес за трета доза имаше во Штип, а граѓани доаѓаа да се вакцинираат уште со самото отворање на пунктот:

„Ја примивме третата доза вакцина и засега е во ред. Апелираме до сите граѓани да го сторат истото“ изјавија анкетираните

Идентично е и во останатите општини во Регионот, каде интересот за трета доза е многу поголем од интересот за прва:

„Во Кочани од денес започна вакцинацијата со трета доза од Вакцината Фајзер и засега заинтересираноста е голема“ изјава Иле Постолов, коор. за вакцинација во Кочани)

Досега, со со една доза на вакцина против Ковид – 19 вакцинирани се 49,4% од населението над 18 годишна возраст.

Во источниот регион, најголем опфат на вакцинирани  помеѓу 50 и 60 % од населението, има во Штип, Пробиштип, Берово и Пехчево.

Опфатот со вакцинација во Свети Николе, Кочани, Виница, Делчево е помеѓу 40 и 50 % од населението.

Сите оние кои се вакцинирале со фајзер, астразенека или спутник, трета доза може да примаат по истекот на шест месеци од апликацијата на втората доза.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,043FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles