Оваа есенска сеидба е најскапата досега за земјоделците. Механизацијата треба да работи на најскапа нафта, а наѓубрувањето поскапо не паметат дека било:
„Ова ќе биде една од најскапите години и ѓуббрето се качи и нафтата и семенската роба и ова дефинитивно ќе биде голем проблем изјави земјоделец
Во споредба со ланската сеидба , оваа е поскапа за 50 %, дошле до заклучок земјоделците, откако 100 пати правеле есап:
Комбајот ми е 600 денара, нафта 35 кила и каде ни е крајот“ изјави анкетиран земјоделец
Овие цени, уште отсега гарантираат скапа жетва, скап производ кој финално, уште отсега ќе значи висока цена и на лебот.Доколку сега високите цени отидат на сметка на цената на лебот, тоа би можело да значи дека, догодина, лебот би можел да поскапи и за 50 %.
Со ова предвидување се согласуваат и земјоделците, кои во меѓувреме, исто така пресметале дека тешко ќе може за нив да остане и денар од оваа сеидба:
Што во крајна мера ќе се случува со цената на лебот и останатите житни производи, ќе зависи од многу други фактори , но правецот во кој сега одат работите, не е добар за никого. Поскапа нафта, поскапа струја , виски цени на ѓубривата и незадоволни производители. Што од сево ова можат да очекуваат граѓаните?)