Познати двојките на првото коло од Втората футсал лига која започнува на 30 октомври.
Од вкупно 12 екипи, три се од Штип , а две од нив Астибо- Кардашлк се среќаваат во првото коло. Третата штипска екипа Мал Ајакс игра со Куманово.
Пред почетокто на првенството, сопственикот на Мал Ајакс, Влатко МАНЕВ изјави дека годинава ќе се обидат експресно да се вратат во Првата футсал лига .Мал Ајакс се засили со повеќе нови фудбалери.
И Кардашлк најавува пробив кон врвот на табелата. Како што не информира Ведат Адемов, потпретседсател на КАРДАШЛК, и поранешен фудбалкер на Брегалница, екипата добила комплетна опрема од АСМ, ќе биде отворена и младинска школа, ќе се формира и навивачки клуб КАРДАШЛК.