3.3 C
New York
Thursday, December 9, 2021

Buy now

spot_img

Фатална сеча на столетни буки во Малешевијата. Иселена и најстарата 150 –годишна бука кај Кушово кладенче

Енормна сеча на столетни буки се случува во месноста  Широк дол во атарот на беровското село Владимирово. Жители оттаму реагираат дека сечата е најголема под врвот на планината Готен, каде што страдаат буки постари од 150 години.

Сликата е трогателна  бидејќи целиот амбиент на кој овде свикнале многу генерации, сега се уништува. Меѓу останатите, исечена е и познатата бука во месноста Кушово кладенче, место каде задолжително застануваа сите минувачи, објаснуваа денес гледачи на ТВ Стар од овој регион.

Од друга страна, од Македонски шуми, потенцираат дека голем масакр, нема, но ја потврдуваат  сечата на буката кај Кушово кладенче и истата ја објаснуваат на следниов начин:

Станува збор за бука која е исклучително стар и во многу лоша состојба поради сушење.  Истата е исечена од безбедносни прични, информираат од ШС Малешево.

Без оглед на фактот што сечењето е одобрено од надлежните, за граѓаните, сечата токму на оваа бука, на целиот локалитет му го одзема најпрепознатливиот и највпечатлив симбол.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,052FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles