-0.8 C
New York
Tuesday, November 30, 2021

Buy now

spot_img

Цените на горивата такси компаниите ги водат во колапс. Здруженијата итно бараат повисоки цени

Такси превозниците секојденвно пресеметуваат загуби откако цената на горивата незапирливо оди нагоре. Доколку не обезбедат цена која ќе им обезбеди рентабилна работа нивните реакции ќе бидат јавни бидејќи нивното работење економски не е логично

Постојано се качуват цените на бензините а ние таксистите воземе по стара цена, веќе сме доведени до работ на егзистенцијата…… Ние сме во колапс едвај преживував изјавија анкетираните такси возачи

За нив новите цени одамна требаше да бидат присутни но ценовникот остана непроменет поради изборите. Сепак доколку сегашната тарифа не претрпе промени од најмалку 20% можно е да се очекува таксистите да се повлечат од улиците

Нема веќе кој да возе такси , не се исплаќа ако не се качи цената на таксито ние сме подготвени да се откажеме од оваа професија…. изјавија анкетираните

Од такси здруженијата очекуваат итна реакција на општините во интерес на такси компаниите но и на граѓаните кои би се соочиле со огромни проблеми доколку сегашниот ритам на превоз се поремети.

За граѓаните новите цени не се добра вест но се очекувани сооглед на зголемените трошоци

Ќе се покачат цените веруваме во тоа…..Се е качено норамлно дека и цената на таксито ќе се каче изјавија анкетираните граѓани

Инаку само во Штип има 14 такси компании со 98 возила.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,036FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles