Припадниците на специјалната полициска управа на Црна Гора утрово го уапсија поранешниот директор за национална безбедност Дејан Перуничиќ, јави „Вијести, повикувајќи се на извори од безбедносните кругови. Според порталот „Вијести“ од Подгорица, Перуничиќ бил уапсен како дел од истрагата што ја започна Специјалното државно обвинителство, откако вчера беше пронајден уред за прислушување во канцеларијата на главниот специјален обвинител Миливоје Катниќ.