-0.8 C
New York
Tuesday, November 30, 2021

Buy now

spot_img

Ќе има ли Штип во наредниот период поефикасна локална администрација

105 милиони денари или 1,7 милиони евра, годишно,  ги чини граѓаните локалната администрација на Штип.  Штотуку избраната нова локана власт, е очекување и дека администрацијата  ќе биде далеку поефикасна.

Штипската администрација брои 95 вработени. Сите овие лица се со работни задачи кои според систематизацијата се поделени во 8 одделенија и еден сектор кој, пак, има нови 9 пододделенија. Но, еве како изгледа структурата на локалната самоуправа на Штип.

Во склоп на Општината работат Одделение за комунални дејности ;   Одделение за правно нормативни работи и поддршка на советот ; Урбанизам и градежништво; Администрирање на приходи; Услуги и информирање на граѓаните; Локален економски развој; јавни служби; Инспекциски надзор и Сектор и одделенија.

Сите овие одделенија имаат свои раководители кои, пак,  одговараат пред секретарот на Општината . Секако, прв и неприкосновен е градоначалникот, пред кого одговараат сите, вклучително и споменатиот секретар.

Сепак, најважно од се за граѓаните е како и колку , во суштина функционира администрацијата во нивна полза, нешто кое за нив е предмет на постојано незадоволство.

Можеби поради ова, но веројатно и поради други причини, со промената на секоја локална власт , системот на вака поставената структура доживува сериозни кадровски потреси. Се менуваат сите раководители, секретар, се практикува прераспределба , а има отпуштања и примања на нови вработени.

Сето ова, по обичај се прави во еден потег и со промена на систематизацијата која досега редовно случувало. Дали ќе ја има и овој пат ќе се види во наредниот период , но сите досега избрани градоначалници вакви систематизации, редовно правеле.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,036FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles