Доколку Скопје замине во рацете на ВМРО ДПМНЕ или ид СДСМ освои повеке градоначлники места во државата ке се повлечам, изјави децидно премиерот Зоран Заев во дебатната емисија Клик плус на ТВ 21 која вечерва ке се емитува на ТВ Стар.
„Во такви околности јас како претседател на Влада и Влада предводена од мене не можете да влечете напред кон Европската унија кога имате политики на локално ниво кои што ќе направат се за да се скараат со Бугарија со Грција, во моментот две земји членки на Европската унија кои што само можат да молчат и нема напред. Така што 31-ви е all in. Се носи одлуката и треба да си знаат. Ова не е ниту закана, ова е чесно споделување на чувствата. Јас реков никој не е определен и гарантиран од татко му, од партијата дека е таму и таму. Важно е само народот и државата. Сето друго и менливо и минливо“ изјави Заев
Меѓу останатите аргументи, можната оставка, претседателот на СДСМ и премиер ја образложи и со за нео очекувана ретроградна политика која би била присутна во локалните средини каде управувањето ке биде од страна на опозицијата.
Темата оставка на премиеорт 24 часовно присуство во јавноста си обезбеди само неколку часа по изборниот ден во кој ВМРО ДПМНЕ и опозицијата пистигнаа за нив добри резултати. За потсетување, во неделата ВМРО ДПМНЕ освои 285.000, а СДСМ 236.000 гласови. Опозицијата победи во 22, а СДСМ во 9 општини.