Десетици поранешни стјуардеси на згаснатата авио-компанија Алиталија ги соблекоа униформите денес, носејќи само долна облека на мирниот, сценски испланиран протест во центарот на Рим. Италијанската компанија долго време се мачеше со финансиски проблеми и нестабилност, а последниот лет беше изведен на 14 октомври. Новата авиокомпанија, ИТА, почна да лета следниот ден, користејќи некои од авионите на Алиталија. Таа ја купи марката Алиталија, но презема помалку од 3.000 од 10.000 вработени на Алиталија. Околу 50 поранешни стјуардеси стоеја во редови на римски плоштад, ги спуштија торбите на калдрмата, па полека и синхронизирано почнаа да ги соблекуваат униформите.