68 пациенти со Ковид 19 инфекција се лекуваат во болниците во Штип и Кочани. Зголемување на бројот на пациенти за едно деноноќие има во Кочани и наспроти вчерашните 12, денес таму се сместени 17 пациенти :
Од хоспитализираните, пет се на кислородна поддршка, а девет лица се вакцинирани. Регистрирано е и едно починато лице, информираат од Општата болница – Кочани.
Во Штип, бројот на пациенти сместени во болницата е константен – 51:
Имаме 43-ца пациенти во Модуларната болница и 8 во Кожното одделение. 36 се на кислородна поддршка, информираат од КБ – Штип.