„Централната банка, како професионална и независна институција дејствуваше соодветно за време на корона-кризата со мерки за поддршка, што придонесе за одржување на целокупната стабилност” – истакна Пол Хилберс, извршен директор во Меѓународниот монетарен фонд за Конституенцата во којашто членува нашата земја.
Овие констатации се дадени за време на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, на кои учествуваше тимот на Народната банка предводен од гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска.