Украден е автомобил од семеен двор во каменичкото село Тодоровци.
Украденото возило е Форд фокус со сива боја и регистарски таблички МК 0927 АВ. Aпелираме доколку некој го забележи да ја извести најблиската полициска станица.Според сопствениците настанот е регистриран во 5 часот изутрина по што е известена и полицијата
Според неофицијални извори, по грабежот едно женско и две машки лица се забележани на надворешните камери кај Мотел Мерак, каде исто така утрово имало обид за кражба.
Од каменичката полиција го потврдија случајот со кражбата на возилото, информирајки дека се трага по сторителите, најавувајки дополнителни информации.