-0.8 C
New York
Tuesday, November 30, 2021

Buy now

spot_img

Европа ги пофали македонските антикорупционери, но работа за нив има уште многу

Европа ги пофали македонските антикорупционери, но работа за нив има уште многу

И покрај позитивната оценка во извештајот на Европската комисија, Антикорупциска комисија смета дека треба уште да се работи на справувањето со корупцијата во земјава.

Само 30 проценти од нивните препораки биле прифатени од институциите, а за некои покренати постапки, одговор чекаат со месеци:

Ова е директна потврда за оправданоста на активностите преземени во претходниот период и ажурноста на Комисијата во овој состав, која преку својата работа и залагање за правилно разбирање на принципите и доследно владеење на правото направи сериозен исчекор во сегментот во кој работи.изјави Билјана Ивановска, прет.  на ДКСК)

Постојат обиди за дискредитација и укажувања дека ги надминуваат своите надлежности, велат од Антикорупциска, без да посочат поконретно за кого станува збор. Се пожалија дека на половина од нивниот мандат добиле простории, и сѐ уште нема слух за потребите за вработување на персонал неопходен за ефикасно работење.

Инаку, во последниот извештај на Европската Комисија се наведува дека Државната комисија за спречување корупција е особено активна во превенција на корупцијата и во отворање голем број предмети, вклучително и на оние што се однесуваат на службеници на високо ниво.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,036FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles