-0.8 C
New York
Tuesday, November 30, 2021

Buy now

spot_img

Конституирањето на штипскиот совет се одлага. Левица приговара на изборни нерегуларности

Изборна нерегуларност на која Левица се жали, го одлага конституирањето на Штипскиот совет. Спорни за Левица е се четири гласачки места и тоа 2297; 2288; 2313 и 2274, бидејќи имало непоклопување на записниците потпишани на избирачките месат, со оние донесени во ОИК.

Изборите дефинитивно не поминаа регуларно и ОИК не си ја заврши работата професионално. Според нашиот набљудувач не се поклупуваа бројките со Записниците донесени од избирачките места, односно на лице место се штимаа истите, информираа од Левица.

Сите четири приговори, од страна на ДИК се отфрлени како неосновани, но бидејќи се уште не се истечени роковите за одлучување по тужба до Управниот суд, листата на избрани советници во Штип не е затворена и конечна.

Очекувањата се дека , веќе утре овој процес ќе биде затворен, со што и изботите во Штип ќе бидат прогласени за целонсо завршени, а новоизбраните советници ќе ги добијат уверенијата

Инаку, според официјалните резултати од ДИК, доколку нема тужби и прегласувања, во штипскиот совет ќе седнат 13  советници од ВМРО ДПМНЕ, 9 од СДСМ и еден од Левица.

Втор советнички мандат, Левица не успеа да обезбеди за само 15 гласови.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,036FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles